Еден мигрант почина, а шест се повредени откако возачот ги исфрлил од возило
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ утринава во 4:30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска Река, го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди. Како што соопшти МВР, по кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со ...
Деркоски: Ако нема цензус во вториот круг веднаш се распишуваат нови избори
Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. -Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори. На тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што ...
АХВ: Во „Лајка“ да има боксови и за коњите заловени на градските улици
Како дел од активностите за решавање на проблемот со бездомните кучиња, утре во Скопје доаѓаат претставници од британското Кралско здружение за заштита на животни од суровост (RSPCA). Тие, заедно со претставници од Секоторот за благосостојба на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ќе го посетат новоотвореното прифатилиште „Лајка“. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, целта на посетата и соработката е „Лајка“ да се преадаптира во современ објект за прифаќање на кучињата-скитн...
Претседателските кандидати ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори
Кандидатите за претседател на Република Северна Македонија Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски, денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Како што е соопштено, настанот го организира Државната изборна комисија врз основа на член 8-в од Изборниот законик. Кампањата за претседателските избори почнува од утре, 1 април и завршува на 19 април на полноќ. Првиот круг на гласање за претседателските избори ќе се одржи на 21 април, ...
Османи ќе брифира за статусот на реформите, очекувањата од Ивештајот на ЕК и јунскиот самит на ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, ќе одржи формална отворена средба со претставниците на средствата за јавно информирање на кој ќе бидат опфатени темите за: статусот на реализацијата на реформите од Планот 18, нивниот квалитет и динамика; ќе даде резиме на посетите на институциите задолжени за имплементација и спроведување на реформите, особено во оформувањето на т.н. „трак рекорд“, или видливите резултати од спроведувањето на реформите. Како што соопштија од СЕП, ќе стане збор и...