Пилешко со зеленчук

Пилешко со зеленчук
Потребно е:

600 гр откостени надкопани

1 главица кромид

1 чешне лук

2 црвени пиперки

2 зелени пиперки

1 тиквичка

1 поголем компир

1 чаша грашок

1 лажица пире од домати

2 лажици маслиново масло

сол, бибер

мелена црвена пиперка

Подготовка:

- Во подлабока тава на загреано маслиново масло пропржете го ситно сецканиот кромид и

изгмечениот лук.

- Додадете ги пиперките исецкани на коцкички и динстајте неколку минути.

- Потоа додадете го и пилешкото месо исечено на парчиња. Поклопете ја тавата и динстајте на

средна температура додека да испари целата течност. Потоа додадете го пирето од домати и

убаво измешајте.

- На крај додадете ги тиквичката и компирот исецкани на коцки. Измешајте и сипете 400 мл

врела вода. Зачинете со сол и бибер.

- Целата содржина од тавата сипете ја во огноотпорна тава за печење и ставете да се пече во

загреана рерна на 180 целзиусови степени додека да омекне компирот и убаво да се запече.

- Послужете со сварен ориз или пире од компири.

Споделување со вашите пријатели: