Скопје трет најзагаден град во светот

Скопје трет најзагаден град во светот
Скопје е на трето место во светот по загадувањето на воздухот, веднаш по Дака во Бангладеш и Калкута во Индија, покажуваат мерните станици.

Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места во главниот град беа и 12 пати над дозволеното.Најголема загаденост бележат мерните станици во Лисиче, Ректорат, Карпош..

Слабиот интензитет на сообраќај во Скопје поради неработните денови и отсуството на возила кои вршат дотур на роба не го намалија аерозагадувањето.

Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух. Мерката ја објави денеска градоначалникот, Петре Шилегов, кој истакна дека стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.

Тој апелираше граѓаните без потреба да не користат возила или доколку мораат да ги користат, во возилата да се возат повеќе лица и побара да не се користат несоодветни материјали за затоплување на домовите.

Споделување со вашите пријатели: