Индијанка торта

Индијанка торта
Приготвување:

За побрзо да биде приготвена тортата, најпрво го подготвуваме првиот дел од филот за да се излади.

  1. Водата заедно со шеќерот и ванилите ги соединуваме и ги доведуваме до вриење.
  2. Откако ќе почнат да вријат, им ја додаваме водата (300 мл) во која сме ги разматиле брашното и јајцата. Како кога подготвуваме пудинг. Енергично мешаме со рачна маталка на загреана рингла додека смесата да згусне. Потоа ја покриваме со најлонска фолија за да не ни фати коричка и ја оставаме да се излади.
  3. Путерот го матиме пенесто со шеќерот во прав.
  4. Откако кремот од брашно ќе се излади, го соединуваме со смесата од путер. Од филот одвојуваме мал дел за филување и во него додаваме какао.

 

Приготвување на тесто пандишпан

 

  1. Ги двоиме белките од жолчките.
  2. Жолчките ги матиме заедно со шеќерот, за да добијат светложолта боја и шеќерот делумно да се растопи.
  3. Белките пенесто ги матиме до цврста состојба и ги додаваме кон жолчките со повремено мешање, ама со шпатула за да ни остане воздушеста смесата. Кон оваа смеса постепено го додаваме и брашното во кое сме го измешале печивото.
  4. Откако смесата е готова, во намрсено и набрашнето тавче ставаме ¼ од неа. Значи, потребни ни се 4 кори да испечеме, па поради тоа смесата ја делиме на 4 дела.
  5. Секое го печеме на околу 200 степени во загреана рерна, ама внимаваме да не го препечеме, да ни остане сунѓересто.

Откако тестата ќе изладат, ги филуваме со филот со помош на шприц.

Споделување со вашите пријатели: