Сникерс чизкејк (без печење)

Сникерс чизкејк (без печење)
Состојки за подлога:

225 г мелени ванила-кекси

120 г растопен путер

50 г сечкани кикирики

 

За фил

500 г маскарпоне

150 г кисела павлака

200 мл слатка павлака

120 г кафеав шеќер

300 г темна чоколада мин. 60%

 

За карамел

50 г кафеав шеќер

50 мл слатка павлака

1 лажица путер

За декорација

50 г темна чоколада

40 мл слатка павлака

50 г сечкани кикирики

 

Приготвување:

- За подлогата се мешаат наведените состојки, смесата се распоредува еднакво во калап бр. 24. Се остава во фрижидер да се стегне.

- Се миксираат маскарпонето, шеќерот и киселата павлака 1-2 минути, потоа се додава слатката павлака и се миксира до соединување (филот треба да е потечен).

- Чоколадата се топи на пареа и се остава малку за да се излади, потоа се додава во садот со маскарпонето и сѐ се соединува до воедначена смеса. Смесата ја истураме над подготвената подлога.

- Чизкејкот го оставаме 4-5 часа во фрижидер добро да се стегне.

- Ја загреваме слатката павлака до вриење, па ја додаваме темната чоколада, соединуваме.

- Тортата ја украсуваме најпрво со ганашот од чоколада.

- За карамелот го топиме кафеавиот шеќер, ги додаваме слатката павлака и путерот. Готвиме 2-3 минути, оставаме да се подизлади, па ги украсуваме страните на тортата, а врз него ги додаваме сечканите кикирики.

 

Споделување со вашите пријатели: