Салеп со цимет

Салеп со цимет
Кремест, врел пијалак, оној што се прави од коренот на салеп. Одличен сојузник во зимата. Не само што е вкусен, салепот има многу лековити моќи, го прочистува грлото, ги смирува дишните патишта и ја намалува или сосема отстранува кашлицата.

Потребно е:

4 филџани млеко

1 филџан шеќер

1 голема лажица салеп во прав

1 кафена лажичка цимет.

Приготвување:

Шеќерот и салепот во прав се мешаат, а потоа се додава студеното млеко. Смесата треба добро да се измати со миксер за да се растопат сите грутки од шеќерот и правот. Потоа ставете ја смесата да зоврие. Откога ќе зоврие, намалете ја температурата на ринглата и продолжете да варите со постојано мешање сè додека не добиете густа смеса. Салепот е најдобар кога е густ, но внимавајте да остане во течна состојба. Сварениот салеп се сервира во филџани и потоа се попрскува со цимет.

Споделување со вашите пријатели: