Ветерот откри: Доналд Трамп е ќелав (Видео)

Ветерот откри: Доналд Трамп е ќелав (Видео)
Косата на ниеден американски претседател не била толку во центарот на вниманието како онаа на Доналд Трамп. Додека едни зборуваат дека е во прашање перика, други дека намерно ја пречешлува косата и ги покрива ќелавите делови. Изгледа дека снимката што неодамна се појави, открива нова тајна.

На снимката што ја објави „Дејли мејл“ се гледа дека Трамп влегува во претседателскиот авион, а ветрот што дувал ја открил ќелавата точка на главата на претседателот. Праменот коса што го пречешлува на спротивната страна побегнал од „својот природен пат“, откривајќи дека Трамп нема коса на темето. Снимката, откога е поставена на Јутјуб, е прегледана повеќе од 100.000 пати.

Иако се поставувало прашањето дали снимката е вистинска, фотографиите на официјалните фотографи покажале дека е.

Ален Бауман, основач на клиниката за пресадување коса, посочува дека е можно американскиот претседател да има направено некоја интервенција на својата коса.

-Јас, како професионалец за оваа работа, мислам дека Трамп има направено трансплантација на коса на предниот дел од главата. Веројатно пие и терапија од две таблети на ден или има направено ласерска корекција која не се забележува - вели Бауман.

Споделување со вашите пријатели: