Торта „Дулче де лече“

Торта „Дулче де лече“
Состојки:

Кори

150 г путер

100 г шеќер

1 јајце

200 г кисела павлака

2,5-3 шолји брашно

2 лажици какао

1 лажичка печиво

1/2 лажичка сода бикарбона

Крем

600 г дулче де лече

250 г путер

2 лажички ванила

1,5 лажица какао

1 лажица ликер од чоколада

За украсување

3-4 лажици лешници (потпечени, толчени)

 

Приготвување:

  1. За подготовка на корите најпрво се промешуваат 2,5 чаши брашно со останатите суви состојки.
  2. На страна се матат путерот и шеќерот. Се додаваат јајцето, павлаката и сувите состојки.
  3. Тестото се замесува со рака и по потреба се додава од останатото брашното, не многу да не станат корите многу тврди.
  4. Тестото се дели на 8 дела, се обликуваат топчиња и се ставаат да отстојат минимум 1 час во фрижидер.
  5. Потоа, од секое топче се расукува тенка кора, отприлика 18-19 см и се печат во рерна на хартија за печење, кратко време 6-7 мин. на 180 Целзиусови степени
  6. За кремот со миксер се мати путерот на собна температура со дулче де лече за да се добие изедначен крем. Се додава ванила и со кремот, отприлика 1,5-2 лажици, се филуваат корите и се редат една врз друга во обрач за торта.
  7. Горната кора не ја филувајте и така ставете ја тортата во фрижидер да се стегне, најдобро преку ноќ.
  8. Утредента извадете ја тортата од обрачот, премачкајте ја од страна со тенок слој од филот и украсете со толчени лешници. Во остатокот од филот додајте ги какаото и ликерот и со тоа премачкајте и украсете ја тортата одозгора.
  9. По желба може да направите ѕвезди од бело чоколадо и тие да ги употребите за украсување.

*чашата е од 250 мл

 

Споделување со вашите пријатели: