Лиснати цветови со сирење и маслинка

Лиснати цветови со сирење и маслинка
Состојки:

 

600 г брашно

14 г сув квасец

400 мл млако млеко

200 мл масло

1 печиво

1 лажичка сол

100 г маргарин + 50 мл масло

100 г дробено сирење + 1 белка за филување

10-ина зелени маслинки

1 жолчка за премачкување

 

 

Приготвување:

  1. Од наведените состојки замесете тесто. Оставете го во топла просторија убаво да нарасне.
  2. Размесете го неколку пати и поделете го на 8 топчиња. Секое топче расукајте го во големина на чинија и премачкајте со растопен маргарин и масло.
  3. Меѓу секоја коричка се става од маслото, освен на последната. Оставете го тестото да одмори околу 20-30 мин.
  4. Потоа со раце обликувајте го во правоаголна форма и така расукајте го. Расечете го тестото на коцки со големина 10х10 см.
  5. Секоја коцка се расекува на 4 дела, по страна, средината да остане цела, како на фотографиите. Во страничните делови се става од дробеното сирење со белка и двата краја се фаќаат кон средина и се спојуваат.
  6. Откако сите 4 краја ќе ги споите, во средина ставете парченце маслинка.
  7. Одозгора се премачкуваат со жолчка. Се печат на 200 степени, околу 15-20 мин.

 

Споделување со вашите пријатели: