Пирошки без фил

Пирошки без фил
Состојки:

 

500 г брашно

200 мл млеко

100 мл масло

3 јајца

1 квасец

1 лажиче печиво

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

За пржење 500 мл масло

 

Приготвување:

Добар стар рецепт со кој и на најмладите домаќинки може да им успее. Најпрво млекото се загрева да биде млако. Во него се додава квасецот, една лажичка шеќер и една лажичка брашно, за подобро да се зафати квасецот. Промешуваме и го оставаме квасецот малку да отстои.

На страна во еден сад се просејува брашното со една лажичка печиво, секогаш заедно ги просејувам за да излезе тестото повоздушесто.

На средина се прави дупка и се додаваат јајцата, маслото, солта, а потоа и стасаниот квасец. Замесуваме средно меко нелепливо тесто (тестото да се одлепува од садот ). Доколку се лепи, зависи од брашното, се додава сосема по малку брашно и се меси додека не стане убаво и мазно тестото.

Откако ќе се замеси тестото, се покрива со најлонска фолија и со кујнска крпа. Се става на топло место за да се удвои тестото.

Откако ќе нарасне, тестото го расукуваме во голема кора со дебелина од 5 мм. Сечеме на ленти, а потоа на правоаголници или некоја друга форма, секој по желба. Се оставаат пирошките да стасаат 15 минути.

Маслото се загрева и се пржат пирошките рамномерно со превртување од двете страни, сѐ додека не заруменат. Пирошките се пржат на умерена температура. Се ставаат на хартиена салфета за да се впие прекумерната маснотија.

 

Споделување со вашите пријатели: