Директорот на ЈП ,,Државни патишта“ смета дека возачите не знаат да ги читаат сообраќајните знаци

Директорот на ЈП ,,Државни патишта“ смета дека возачите не знаат да ги читаат сообраќајните знаци
По бројните реакции на возачите дека нема доволно сообраќајни знаци на новата делница од автопатот Демир Капија- Смоквица , директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов вели дека тоа не е точно и дека има доволно патокази.

Тој смета дека има доволно знаци, но возачите не знаат да ги читаат.

,,За да стасаат возачите  до граничниот премин Богородица треба само да ги следат зелените табли на кои пишува Скопје-Атина“-вели Китанов за порталот СДК.

„За да не излезат од автопатот доволно е да ги следат зелените табли на кои пишува Скопје-Атина. Секој возач, кој има положено и има возачка, знае дека на автопат се следат знаците со зелена боја, а жолтите се за регионални патишта“, вели Китанов.

Тој трврди дека сѐ е прописно одбележано и дека само нашите возачи не знаат да се снајдат:

„Тоа не е точно. Од она што го гледаме на терен странците немаат проблем со движење на новиот автопат. Тие ја почитуваат и пропишаната брзина за движење, особено во тунел, што пак не е случај со домашните возачи“, вели Китанов.

Споделување со вашите пријатели: