Стартува „Недела на храна“ #СкопјеГурман

Стартува „Недела на храна“ #СкопјеГурман
Сајтот за групни попусти – Групер.мк по четврти пат ја реализира кампањата „Недела на храна“ #СкопјеГурман која започнува денеска и ќе трае цел месец.

Kампањата нуди над 100 зделки по промотивни цени од преку 70 локални ресторани. Годинава кампањата е поддржана од Мастеркард и збогатена со специјална акција со Скопско пиво - 1+1 гратис, каде што со секој купен купон за пиво, се добива едно гратис.

„Во секоја кампања ќе има и екстра активности посветени на корисниците, па така и овој пат за сите гурмани и дегустатори на највкусните зделки припремивме подароци и други изненадувања.  Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании“, велат од Групер.мк.

Овој јуни, груперската гурманска мапа вклучува угостителски објекти од сите делови на градот, a на менито можат да се најдат италијански специјалитети (Kaj Џино, Венето, Сенигалиа, Форца), сочни бургери (Центар Бар, Бистро Skopje), специјалитети од азиска и ориентална кујна (Стар Океан, Наргиле), за љубителите на здрава храна - смутиња, салати, протеински сендвичи (Сохо Хаус, Маркт); слатки задоволства и десерти (Радост, Кремисимо, Чоколад Бистро) и уште многу други специјалитети и деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Групер гурмани.

Овогодинешната кампања има и хуманитарен карактер, па така со секое купување на зделка од #СкопјеГурман со Мастеркард картичка, Групер донира процент од сумата за оние кои им е најпотребно.

На крајот на кампањата, и оваа година Групер заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории, а овој пат Групер ќе ги избере и 10те најгурмани со најмногу купени купони за кои следуваат вредни подароци. Минатата година кампањата ја следеа преку 300.000 корисници и беа продадени над 17.000 купони

Споделување со вашите пријатели: