Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес
ОВЕН: Сè уште под влијание на лунарната еклипса, успевате да ги елиминирате активностите кои ве спречуваат од кармичко исполнување. Се ослободувате од должностите, вината и предрасудите што ги имавте за себе си. Раздолжете се.

БИК: Понекогаш е потребна голема работа за да се добие саканото - поставувате основа за конструкција на нова структура и инвестирате во основните работи. Интимните врски сакаат поголемо посветување и разбирање.

БЛИЗНАЦИ: Минувате низ големи промени во животот, направивте огромни чекори и сега ги менувате очекувањата од себе. Се ослободувате од самонаметната вина и сега е време да се фокусирате на запоставените работи.

РАК: Се здобивате со позиција која ќе ви донесе стабилност, но и ќе ви отвори нови врати за напредување. Сакате да постигнете баланс како во работата, така и во љубовта и семејството. Промена во рутината, но и стабилност во емоциите.

ЛАВ: Сè до неодамна им дававте приоритет на туѓите потреби, но сега гледате каде ви е потребна вашата лична сила и тоа само вам. Фокусирајте ја енергијата и дајте им на луѓето да ви помогнат, како што правевте и вие многу пати до сега

ДЕВИЦА: Се потпирате на вашите способности и знаете точно колку можете да одите - собраните информации низ животот ќе ви помогнат да напредувате, а вашето искуство е од голема полза сега. Експанзија и решавање на проблемите.

ВАГА: Денес сте експонирани и ја покажувате својата сила, дури изненадени од својата моќ на убедување. Покажете се колку сте силни, како и своето знаење и таленти - што чекате уште? Верувајте си себеси и она што го работите. Одмор.

СКОРПИЈА: Денес доаѓате до реализација дека во вас постои уште една страна која воопшто не ја користите. Можеби бевте фрустрирани што не можете да сјаете во полно светло - сега е време да ги покажете своите таленти и соништа!

СТРЕЛЕЦ: Посветени и сконцентрирани на својот сон, се поврзувате со канали кои ќе донесат исполнување. Денес им давате предност на личните и колективните цели, но и наоѓате време да минете со семејството и најблиските.

ЈАРЕЦ: Се обидувате да најдете нов начин на ој што ќе се претставите себе и ќе ги консолидирате своите проекти. Во личните врски поставувате граници и сега и двете страни знаат што сакаат и како да го постигнат тоа. Планирање на цел.

ВОДОЛИЈА: Денес учите како да бидете силни и да ја контролирате својата моќ конструктивно - знаете што сакате и колку сила имате, па со своите планови сметате дека ќе го постигнете саканото. Искористете го овој момент. Желби.

РИБИ: И за вас отпочнува нов животен проект, во кој ги дефинирате своите ролји, цели и таленти. Фокусирајте се со цел да ги конкретизирате своите планови, а потоа ќе се појават нови шанси кои ќе ви бидат од голема помош.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: