Стрелци повлечете се, ракови наметнете се

Стрелци повлечете се, ракови наметнете се
ОВЕН: Реорганизација и започнување на нов циклус - сега е време да се преселите во нов град или дом и да ги решите интимните односи. Средба со сродни души, која ќе ве ревитализира. Поврзете се коректно со интуицијата.

БИК: Загледајте ги работите малку подлабоко, со поголема грижа и свесност. Откако ќе го отстраните отпорот, вистинската работа ќе може да започне. Доколку имате нерасчистени катчиња, расчистете ги сега. Барајте и експерт.

БЛИЗНАЦИ: Што и да преземете овој викенд, ќе има успех и позитивен исход. Можеби сè уште треба да чекате, но направете го тоа уметност. Убав крај на динамичната недела исполнета со недоразбирања и нервози. Изобилство и мир.

РАК: Неуспешна комуникација, а во која барате потврда за својата компетентност и резон. Сè се случува со причина и во свое време и сега е време да ги прекинете активностите кои не ви се допаѓаат. Наметнете ја својата волја.

ЛАВ: Со Еклипсата се случува голем пробив - одеднаш повторно има светлина во вашиот живот и ги растерува облаците. Доаѓате до разбирање и сте центар на хармонични збиднувања - шанси со кои ќе ја заштедите својата енергија.

ДЕВИЦА: Започнувате нови активности со чувство за иновација и ги менувате приоритетите. Што и да се случува, имајте големо чувство за хумор - прифатете ги предизвиците и започнете нов циклус. Купете имот. Преселете се. Учете.

ВАГА: Вистинскиот баланс доаѓа со користење на сите делови на еднаков начин - бидете умерени и разновидни во покривањето на основните потреби. Има аспекти од вашиот живот кои се игнорирани, но сега е време да истапите.

СКОРПИЈА: Од вас се бара длабока промена - веројатни се придобивки поради тоа, но дел од себе ќе мора да оставите во минатото. Ќе ги најдете потребните луѓе кои ќе ви понудат помош и со кои ќе градите заедно. Партнерство. Баланс.

СТРЕЛЕЦ: Ова е време кога треба да се повлечете од ситуациите кои што ве притискаат и да се регенерирате - спорт, хоби и авантура. Дозволете му на животот да ви ги открие тајните за кои ниту сонувате дека постојат. Бидете си!

ЈАРЕЦ: Минативе години барате нова насока во животот и се чини дека конечно ја наоѓате - го реставрирате своето повисоко себство и се здобивате со самодоверба. Знаете што е важно и кој потенцијал е потребен за подобрување.

ВОДОЛИЈА: Откривате каква работа треба да завршите - во и надвор од себе - и сега се препуштате на непознатото, како брод на отворено кој не знае дали ќе пристигне на пристаниште. Наоѓате свое гнездо и почнувате сосема нов проект.

РИБИ: Би можеле да се доведете до опасност ако си дозволите да избрзате. Некои врски доаѓаат до својот крај, но и така си ја исполнија својата цел. Не тркајте се колку да учествувате, туку планирано целете и направете сè да победите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: