Во нејзиното последно видео посветено на апликација за запознавање на партнери „Тиндер“ остро ги критикува Балканците.
- Ставате по една фотографија на мрежа која е наменета за запознавање. И на таа една фотографија воопшто не личите на она што подоцна ќе го видиш во живо. Навистина не ми е јасна поентата и оваа пракса. Зошто да ставиш една најчесто фотошопирана фотографија на која сте непрепознатливи. Оваа мрежа е наменета за запознавање и треба да му се допаднете на некого или да не му се допаднете. Нема ништо страшно во тоа ако не им се допаѓате на сите - вели таа.
Нуанда раскажува дека користењето на ваквите апликации е многу различно во Америка и тука.
- Познавам луѓе во САд кои си ги запознаа своите животни партнери на „Тиндер“ и тоа е супер. Тука се случува да ми пишуваат мажи кои веќе се со семејство, а тоа е злоупотреба на намената на оваа апликација - вели таа.