Детален дневен хороскоп

Детален дневен хороскоп
ОВЕН: Јасно дефинирајте што сакате и вклучете ја својата комбинација на таленти за да го постигнете тоа. Луѓето кои ви се важни ќе ве забележат и ќе ви помогнат да се промовирате. Покажете ја својата умешност сега. Контакти.

БИК: Денес сте со силни емоции и барате начин да ги манифестирате - сменете го пристапот доколку сакате поинакви резултати. Ако треба, искажете го и своето незадоволство и олеснете си. Истражете ја својата афективна страна.

БЛИЗНАЦИ: Ова е време за истрајност и посветеност, како и за трпение. Новоформираните партнерства ќе сакаат работа и од двете страни, затоа бидете внимателни. Прашајте се што вам ви е најпотребно и дајте си го тоа.

РАК: Начинот на живот што го живеете веќе е при крај, но пред вас се отвораат нови можности и почетоци. Сега треба да развиете нов карактер и начин на кој се претставувате себеси и своите таленти. Дефинирајте што сакате во интимата.

ЛАВ: Промена во животниот стил и смена во идентитетот - вашите врски доживуваат трансформација и Месечината во Скорпија ве доведува до нови односи. Отфрлете го она што повеќе не ви е потребно. Прашајте се што сакате.

ДЕВИЦА: Соочете се со иднината со самодоверба, култивирајте ја својата природа и сè потоа ќе се смени само од себе. Свесни за себе, своите таленти и емоции, ја користите својата моќ за да ги исполните своите соништа. Транзиција

ВАГА: Сега дефинитивно се појавува потреба за ограничување - ќе се појават одолговлекувања, како и потреба да ги разгледате своите планови од ново. Иако работите се чини дека стојат, сепак ќе има напредок. Хранете се добро.

СКОРПИЈА: Неколку аспекти укажуваат на можни ненадејни промени и изненадувања. Во вас се случува длабока трансформација и сега ништо од надвор не е важно, освен ако не е поврзано лично со вас. Работете врз себе.

СТРЕЛЕЦ: Сè уште претстои работа – надвор и во вас самите - сега сте поотворени кон Универзумот. Гледајќи ги работите такви какви што се и она што е сокриено внатре, доаѓате до решение за правилно дејствувајте. Ако треба почекајте малку.

ЈАРЕЦ: Проблемите се решени, а тоа носи олеснување - ќе успеете да ги изолирате емоциите и грижите, унапредувајќи го својот живот и тој на блиските. Време е за патување и живеење на нештата кои до сега ги гледавте од дистанца

ВОДОЛИЈА: Конечно доаѓате до својата цел - откако докажавте сè што имавте да покажете и ја исполнивте својата мисија, сега сте слободни! Затворање на еден кармички круг и успешен крај на важен проект. Вашата чест е одбранета. Слава.

РИБИ: Повторно се буди вашата мотивација, нагон и либидо и откривате нови извори на стимулација. Нови интереси, луѓе и активности кои ве инспирираат. Нежна размена со блиските луѓе. Време е да научите каде да ја давате силата.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: