Хороскоп: Прогрес за девицата, трпение за стрелецот

Хороскоп: Прогрес за девицата, трпение за стрелецот
ОВЕН:

Во овој период од вашиот живот владее јаснотија и едноставност. Дефинитивно ќе биде поволно ако плановите ги преточите во конкретна реалност. Времето за ефективно дејствување сè уште не е дојдено, но среќата наскоро ќе ви се насмевне, ако сте трпеливи.

БИК:

Вашата среќа се зголемува со Месечината што расте - тешкотиите ќе ги надминете со леснотија и ќе бидете задоволни. Фокусирајте се на себеси и исполнувањето на вашите планови и прифатете го предизвикот да ги проценат вашите таленти.

БЛИЗНАЦИ:

Вашиот успех доаѓа и може да очекувате признанија и респект, на кои со право се потпирате. Набрзо сè ќе биде подобро. Неочекувано ќе сретнете некој кого не сте го виделе одамна - обидете се да не трошите премногу пари и верувајте во среќните ѕвезди.

РАК:

Ова е поволно време за средби со проминентни личности, но и генерално добро и за другите партнерства. Она што ќе го вложите, ќе ви се исплати и ќе бидете во состојба да им помогнете на другите. Работата која што е нарачана, ќе ја завршите.

ЛАВ:

Ситуацијата е поволна за сите ваши потфати, но само ако ја преземете улогата на лидер. Некои луѓе не уживаат поради вашите успеси, но не им обрнувајте внимание. Не ветувајте премногу, а работата споделете ја со другите и така ќе дојдете до успех.

ДЕВИЦА:

Добро се владеете и со непристрасна перцепција ги вреднувате своите атрибути. Врските се консолидираат и си признавате дека можете да се потпрете на себе. Проширете ги своите активности, наоѓајќи нов начин да ги користите алатките што ги имате. Прогрес.

ВАГА:

Ова е време кога треба да се покажете колку сте силни - вие имате значење во животот, како и своја цел и, можеби сте изненадени со својата сила и таленти, но прифатете се и развивајте сензитивност. Дадете свое мислење ако има конфликт. Идеи.

СКОРПИЈА:

Сега ги препознавате своите реални цели и сфаќате што е најважно - со голема самодоверба ќе ги користите своите потенцијали за да ја подобрите состојбата во светот околу вас. Најдовте начин и своја вистина и конечно се пронаоѓате себе си. Сила.

СТРЕЛЕЦ:

Раскинати сте на различни страни, обидувајќи се да се движите симултано во две насоки. Доколку останете смирени, сè ќе биде поволно. Најдете го балансот во себе и насочете се кон идните планови и намери. Сега не е време за нови потфати. Трпение.

ЈАРЕЦ:

Месечината во вашиот знак ви дава среќа и успехот се приближува - чекавте веќе премногу долго. Ова е прекрасно време за секаков вид на забава, но важно е да не претерате во ништо. Спремајте се за успехот, ќе дојде наскоро. Задоволство.

ВОДОЛИЈА:

Многу работи ви се нејасни. Проблемите во друштвото ве возбудуваат, а невредни луѓе го туркаат својот пат кон вас. Се чини дека не ве разбираат и би можеле да се закачите ненамерно со некој пријател. Не носете важни одлуки и штедете. Совети.

РИБИ:

Добро ќе биде да им помогнете на другите, дури и ако вашата работа не ви оди од рака. Последователно ќе увидите дека сте направиле добар избор. Можеби не можете да се потпрете на претпоставените, а тоа може да ве растажи. Сепак набрзо ќе успеете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: