Каде е најевтино да летувате: Споредба на цените во Грција, Хрватска и Црна Гора

Каде е најевтино да летувате: Споредба на цените во Грција, Хрватска и Црна Гора
При изборот на места за летување, најголемо внимание се посветува на средствата што ќе треба да се одвојат за сместување, но исто така предвид се земаат и трошоците за храна и за сместување.

Бидејќи цените за сместување од почетокот на сезоната не се променети, ако одлучите да го поминете летниот одмор во овој период од сезоната, во Грција цените за сместување се повисоки од лани за 10 отсто. Сепак, цените на хрватското крајбрежје се исти како и минатата година, додека апартманите во Црна Гора се најевтини во споредба со Грција и Хрватска.

Ако за време на летниот одмор сакате сами да приготвувате храна, мора да ги имате на ум и цените на продуктите. Локалните жители во овие три земји велат дека е поевтино да се купува во големите супермаркети, наместо во помали локални продавнички.

 

Грција

 

Летувањето годинава во Грција сигурно ќе ве чини поскапо бидејќи сопствениците на апартманите оваа година ги дигнаа цените во просек за 10 отсто во споредба со минатата година, а исто така од 1 јануари е воведена и такса на сместување. Сепак, интересот на македонските туристи не се намалува, така што сите сместувачки капацитети секогаш се полни, особено во септември кога сместувањето е поевтино кај нашиот јужен сосед.

 

Цените во ресторани и во кафулиња се слични на претходните две години, вклучувајќи ја и најпопуларната храна за Македонците – гиро, кое чини 2,00-3,50 евра, гиро во порција 5-8 евра, суфлаки од 2,00 до 2,50 евра. За оброк со пијалак во поевтините ресторани едно четиричлено семејство треба да одвои 40 до 50 евра, а во оние поскапите оброк чини од 30 до 40 евра по лице. Исто така, цените на маркетите се нешто повисоки отколку во другите популарни летувалишта за македонските туристи.

Цени на основните продукти изразени во евра:

Леб (0,8)
Месо (кг) - (4,82)
Домати (кг) - (1,3)
Тиквички (кг) - (0,75)
Млеко (л) - (1,15)
Јогурт (л) - (2,5)
Виршли (1,21)
Сирење фета (кг) - (5,2)
Сок (л) - (2)
Сладолед (семејство) - (5)

Значи, за еден ручек за четири лица треба да издвоите околу 20 евра.

 

Хрватска

 

Повеќето апартмани и други видови сместувања се пополнети во јуни, а таков е случајот и со август, а нивната цена во екот на сезоната се движи од 60 до 80 евра на ден.

Кога станува збор за храната, имаше промена на цените во споредба со претходната година, па за овошје потребно е да се одвојат малку повеќе пари отколку порано, но сепак постојат неделни акции во големите супермаркети каде што цените на овошјето се помали.

Туристите што сакаат да вечераат во рестораните за пица ќе треба да одвојат меѓу 5,4 и 8 евра, додека за салати околу 6,5 евра, десерти се од 4 до 8 евра, па четиричлено семејство за ручек или за вечера во поевтин ресторан треба да одвои најмалку 50 евра.

Цени на основните продукти изразени во евра:

Леб (0,8)
Месо (кг) - (4,82)
Домати (кг) - (0,7)
Тиквички (кг) - (0,61)
Млеко (1) - (0,91)
Јогурт (1) - (2)
Виршли (0,53)
Сирење фета (кг) - (4,5)
Сок (л) - (1,47)

сладолед (семејство) - (3,9)

 

Црна Гора

 

Цени за сместување во Црна Гора се поповолни во однос на Грција и Хрватска, и нивната висина не е многу променета во споредба со минатата година, така што цените на апартманите се движи од 20 до 50 евра по ден, во зависност од тоа во кој дел на сезоната ќе одите на одмор и од локација.

Храната не е значително поскапа од Македонија. За четиричлено семејство да руча во ресторан, ќе треба да одвоите од 40 евра па нагоре.

Цени на основните продукти изразени во евра:

Леб (1)
Месо (кг) - (3,9)
Домати (кг) - (0,75)
Тиквички (кг) - (0,75)
Млеко (1) - (0,75)
Јогурт (1) - (1)
Виршли (1,19)
Сирење фета (кг) - (3,5)
Сок (л) - (0,9)
Сладолед (семејство) - (2,85)

 

Споделување со вашите пријатели: