(Видео) Пред Владата почна централната прослава за Денот на независноста

(Видео) Пред Владата почна централната прослава за Денот на независноста
Со културно-забавна програма пред платото во дворот на Владата почна централната свеченост по повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Прославата почна со најмладите и нивните семејства кои се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд. Забавно-музичкиот дел за возрасните во 19:30 часот ќе го отвори Огнен Узуновски – Оги со диџеј сет.

Програмата под отворено небо, во дворот на Владата, потоа ќе продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини.

Пред присутните ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Забавно-музичкиот дел ќе трае до 23.30 часот.

Република Македонија, денеска одбележува 27 години самостојност и независност, по успешно спроведениот Референдум, што се одржа на 8 септември 1991 година, а на кој над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Споделување со вашите пријатели: