Дневен хороскоп: Јарците ќе бидат тензични, Овните со нови откритија

Дневен хороскоп: Јарците ќе бидат тензични, Овните со нови откритија
ОВЕН:

Ова е момент кога ќе може да ги покажете своите таленти, идеи и цели, како и за откривање на нови солуции или патишта. Хоризонтите се прошируваат, но добро е да останете близу до домот. Откритија. Знаете како да се справите со хроничните проблеми. Шанси.

БИК:

Се појавува потреба за воздржување - имајте во предвид што внесувате во себе, без оглед дали е тоа храна или информација. Премолчете ако треба. Можни се одолговлекувања, но имајќи го во предвид ова, вратете си го балансот грижејќи се за себе си. Планови.

БЛИЗНАЦИ:

Се соочувате со ситуации кои што ќе ви покажат како да не ја истрошите својата енергија. Ако треба, направете поза, позајмете тоалета, покажете го старото во ново светло и изгледајте со стил. Направете инвентар, план за штедење и инвестирајте во домот. Буџет.

РАК:

Денес е добро да обрнете внимание на вашите ставови и да не претерате изнесувајќи ги премногу во јавноста. Нема потреба за преголема анализа или оправдување. Решете ги работите на нов начин и погледнете ги луѓето поинаку. Изненадувања. Сродни души.

ЛАВ:

Ова е моментот кога го постигнувате вистинскиот баланс - ситните несовршености стануваат совршени. Ќе влетате во нешто побрза динамика и ќе најдете начин како да се справите со природните циклуси и случки. Обрнете внимание на сопствените потреби.

ДЕВИЦА:

Месечината во вашиот знак ве доведува до шанси со кои ќе ги изразите своите таленти. Сега сте на самиот праг при преоѓањето од една димензија во друга, а тоа е ново царство на искуства. Вашите соништа се остваруваат и ќе успеете да балансирате со судбината.

ВАГА:

Доколку се соочите со некоја тешкотија, не се разочарувајте премногу, туку имајте во предвид дека сè може да заврши сосема добро. Постојат причини кои не ви се видливи засега. Сепак, ќе успеете да ја докажете својата компетентност и способности.

СКОРПИЈА:

Ладната тишина и долготрајната огорченост можат да ја упропастат секоја приказна. Затоа внимавајте да не ја истурите својата горчина некому. Она што е старо, нека си замине. Имате две третини од приказната, а ви фали уште една третина. Бидете потолерантни.

СТРЕЛЕЦ:

Ова е време кога треба да појдете кон нови хоризонти - земете ги најпотребните работи за по пат и барајте нов дом. Судбината ви чука на врата и имате визија за иднината. Синхроницитети. Понудете се некому во служба. Патувајте. Отворете се и верувајте.

ЈАРЕЦ:

Доколку се соочите со некаква тензија и напнатост, не зборувајте многу и не носете важни одлуки. Научете како да се сочувате себе си од непотребни ситуации и фокусирајте се на своите работи. Направете буџет. Бидете селективни каде се инвестирате.

ВОДОЛИЈА:

Имајте во предвид дека за сега го гледате само врвот од сантата мраз. Подводните струи имаат поинаква приказна. Знајте го тоа. Затоа објаснете ги работите, разговарајте што планирате да направите и исклесајте ги своите идеи и емоции. Консолидација.

РИБИ:

Еден кармички круг завршува и сега сакате да вложите повеќе сила во проектите кои вам ви значат. Време за иницијатива и сојузи со кои ќе дојдете до значителни резултати. Конечно се откривате себе си и си признавате дека го заслужувате само најдоброто.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: