Детален хороскоп: Лавот ќе решава проблеми, Стрелецот ќе заведува

Детален хороскоп: Лавот ќе решава проблеми, Стрелецот ќе заведува
ОВЕН:

Добро е да се отворите и да се претставите себеси како никогаш досега. Прашајте се дали дејствувате со коректни мотиви и кажете што имате да кажете. Сфатете дека подобро е да се обидете отколку да сте фрустрирани што не сте направиле ништо. Претставете се.

БИК:

Се соочувате со искушенија и предизвици поради кои треба да жонглирате како акробат. Сега сте ревитализирани и почнувате нов живот, но избирајте правилно - сите шанси не се за вас. Она што е ваше ќе си дојде. Еден циклус завршува и почнува нов.

БЛИЗНАЦИ:

Истапете и преземете ја командата и дозволете само најдоброто од историјата да ви се повтори. Сè друго ќе биде трошење на емоционалната енергија и непотребно повторување на минатите болки. Можни се големи пробиви, иако се нестабилни. Сега е време.

РАК:

Работите се враќаат во природен тек и го сфаќате уникатниот пат на секој од нас. Некои работи се сè уште нејасни и сокриени од голото око. Добро е да видите дали овие влијанија се позитивни или не. Обрнете внимание на здравјето, вежбајте и хранете се добро.

ЛАВ:

Ги сфаќате своите можности и вредни атрибути, обидувајќи се да ги консолидирате односите со блиските. Може да уживате во друштво на луѓе со кои не сте се виделе одамна. Решавање на проблеми врзани со наследство или правда. Пријателства.

ДЕВИЦА:

Сега сте возбудени и волни да истапите и истражувате во непознатото, правејќи нови контакти. Покажете ги своите идеи, манифестирајте ги талентите и користете ја својата умешност. Погледнете ги луѓето околу себе и прашајте се дали светите покрај нив. Ресурси.

ВАГА:

Месечината во вашиот знак ви помага при етаблирањето на некој свој идеал, кој треба да има трајна вредност. Раскажувате за тоа. Доаѓате во допир со својата есенција и своите верувања. Поволен период за разрешување на несогласувањата. Патувања.

СКОРПИЈА:

Сега сте достапни и отворени, но не и забележани доволно. Ова е нешто како момент кога работите треба да се запечатат. Откривате и нови извори на стимулација и промената ви одговара. Прашајте се што би сакале да правите и со кого би сакале да бидете.

СТРЕЛЕЦ:

Доаѓате очи во очи со својата инспирација - од вас може ќе се бара промена и ќе треба да се откажете од нешто за да дојдете до бенефити. Вашето либидо расте и добро се носите со својата енергија. Постои голема хемија меѓу вас двајцата. Заведување.

ЈАРЕЦ:

Вежбајте ја дискриминацијата размислувајќи за она што може да се поседува, спроти она што не може да се има. Купувајте време, кружете околу темата. Ако изгубеното се чува ценето во срцето, тоа ќе се врати кога времето ќе биде поповолно. Медитирајте.

ВОДОЛИЈА:

Старата структура се руши бидејќи штом има влијанија од страна луѓето се разидуваат. Сфаќате дека повеќе не зависите од извесни луѓе и активности и затоа сте сигурни да изградите нова основа во животот. Оставете сè зад себе. Почнете креативен проект.

РИБИ:

Откако истапивте да израснете и се развиете на еден реалистичен начин, доаѓа до помирување на спротивностите. Ја балансирате физичката реалност со спиритуална или поетска разиграност. Погледнете ги луѓето поинаку и откријте нешто ново. Отворете се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: