Детален хороскоп: Близнаците да бидат објективни, а на Лавот му треба помош

Детален хороскоп: Близнаците да бидат објективни, а на Лавот му треба помош
ОВЕН:

Сè уште постои голема работа да се сработи, а со тоа што ги гледате скриените аспекти ќе знаете како да дејствувате исправно. Пред вас се вистинските партнерства и врски кои можат да ви помогнат да напредувате. Интимните врски се со заемен жар. Хармонија.

БИК:

Околу логорскиот оган не постојат друштвени хиерархии - сите се прифатени како еднакви. Вистинската група ќе биде позната по толеранцијата, пријателството и прифаќањето. Во тоа лежи силата на заедничкиот дух. Она кон што тежнеете веќе е постигнато.

БЛИЗНАЦИ:

Заземете ладен смирен и објективен став кон работите - дистанцирањето од сопствените емоции ќе ви донесе јаснотија. Доколку сте, пак, премногу објективни за да имате сензитивен одговор, размислете и почнете да слушате со емоција. Симпатии.

РАК:

Отстранете го непотребното и посегнете по поголеми достигнувања. Можете лесно да дојдете до успех, но внимавајте да не си честитате пред време. Немојте да сте стегнати, туку отворете се реципрочно во сите врски. Откривате нови начин да се поврзете со светот.

ЛАВ:

Потребна ви е помош и поддршка за да ги покажете своите дарби и умешност. Сега е добро да се грижите за својата добросостојба, како и за домот и за здравјето. Го добивате заслуженото признавање од другите и сте полни со внатрешен мир. Патувања.

ДЕВИЦА:

Ова е време за контемплација - понекогаш е подобро да се повлечете од опционалната динамика. Знајте дека штом сте соочени со две еднакви опции, ќе се појави и трета - онаа што ви припаѓа само вам. Откривате важни работи за вашата сродна душа. Идеи.

ВАГА:

Сега имате време да направите пауза - доколку некој ве обвини за нешто, почекајте додека да се разгледаат двете страни на приказната и не ги сфаќајте работите лично. Ако, пак, привремено не може да напредувате според саканото, знајте дека сепак напредувате.

СКОРПИЈА:

Потребно е да си ја вратите мотивацијата, да ја користите својата експертиза и да развивате проекти што бараат поголемо внимание. Кога се посветуваме на нешто убаво и вредно, го даваме најдоброто од себе, а потоа се чувствуваме исполнето и охрабрено.

СТРЕЛЕЦ:

Заземате конструктивен пристап - вашиот глас треба да е силен и јасен сега. Можни се тешкотии, нешто како грутка во грлото, а за кои ќе треба да проговорите за да ги разјасните. Бидете сигурни да донесете решенија по сопствено уверување. Свесност.

ЈАРЕЦ:

Како модерен Индијанец, фатени сте во среде дипломатска мисија и треба да балансирате меѓу двете страни. Можеби асимилацијата ќе е најдобра, но и таа не е гаранција за успех и прифаќање. Минувајте време на отворено. Удоволете им на сопствените потреби.

ВОДОЛИЈА:

Бидете задоволни со сопствените постигнувања и штедете за да може да инвестирате во некој свој идеал. Сосема свесни за своите ограничувања, правите сè за да напредувате. Оптимизирајте го својот буџет. Чувајте ја својата енергија и време. Издржете.

РИБИ:

Постоечките приказни и важни теми можат да ви помогнат да ги врзете важните задачи сосема совесно. Не вплеткувајте се во приказна која се повторува бесконечно. Понекогаш е подобро да се замине отколку да се остане врзан во магичен круг без излез. Еволуција.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: