Детален дневен хороскоп

Детален дневен хороскоп
ОВЕН:

Како благороден знаменосец, истапувате напред самоуверено со високи стандарди, храбри и со силни емоции. Сега е време да ги покажете различните таленти и способности, потврдувајќи си ја својата вредност. Верувајте си. Потенцијална романса. Блескате.

БИК:

Доаѓате до промена во животниот стил, иако не по своја заслуга, но ваша е одговорноста да поставите солидни стандарди, кои ќе вредат и во иднина. Знаете што ви се нуди, затоа вратете си ја моќта со тоа ќе го заживеете својот стар сон. Едукација. Идеали.

БЛИЗНАЦИ:

Многу веројатно повеќе ќе треба да обрнете внимание на здравјето, отколку на интелектуалните потфати. Сега добро разбирате како функционираат процесите и како мислата ја надминува нормалната граница. Доколку имате интересна идеја, споделете ја со колегите.

РАК:

Прекрасен момент за разиграно реаранжирање на шансите, сè додека не се појави вистинската. Сфатете го ова како предупредување – од вас се бара метаморфоза. Размислувајте низ призмата на детската игра во песокот - тука се прават секакви убави светови.

ЛАВ:

Откако тргнавте да растете и да се развивате на еден реалистичен начин, сега доаѓа до помирување на силите. Можеби денес ќе има застои, како и потреба да ги разгледате своите планови внимателно. Обидете се да го повратите балансот. Доброволна работа.

ДЕВИЦА:

Сега е добро да ги нагласите работите и да направите поента со добро смислено преувеличување. Сите ваши сили се ангажирани во подобрување на животните услови, како и во служба и нега за најблиските. Грижете се за себе. Преаранжирајте дома или селете се.

ВАГА:

Опуштете се малку и со тоа и работите во заднината ќе си дојдат на свое место - сè ќе се разјасни. Постојат тешкотии врз кои се фокусирате, но доколку им обрнете внимание и почит, ќе се справите со нив сосема успешно. Прекрасен период за осамени активности.

СКОРПИЈА:

Месечината во вашиот знак ви ги буди афинитетите и сега ја следите својата среќна ѕвезда. Вашата природна инклинација ќе ве доведе до саканото. Внатрешниот порив е посилен од сите очекувања и планови и така успевате во самоспознавањето.

СТРЕЛЕЦ:

Се чини како да ја вадите санката, а снегот сè уште не паднал. Како да сте вон сезона малку – ниту во вистинско време, ниту на вистинско место. Сепак, продолжете да се подготвувате, вашето време доаѓа набргу. Во меѓувреме негувајте ги својот сон и визија со голема љубов и посветеност.

ЈАРЕЦ:

Груба и невешта сила при деликатните работи, затоа внимавајте. Ги наоѓате потребните врски и луѓе што ќе ви помогнат кога е потребно. Заемна работа и хармонија. Би можеле да купувате имот или опрема. Отпочнување на нови проекти со повисока цел.

ВОДОЛИЈА:

Потребни ви се самотија и време за себе - како старец наслонет во својата удобна фотелја, донесувате важни одлуки. Другите нема што да ви се мешаат во тоа. Најдлабокиот одговор доаѓа како резултат на оваа самотија и размислување. Тишина.

РИБИ:

Добро е да ги следите своите аспирации, но правете го тоа со стил. Кимнете со глава, дајте некому бакшиш и потврдете дека го гледате светот околу себе. Облечете убава тоалета и со малку жар и шарм, ќе постигнете сè. Интензивни емоции. Средба со странци.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: