Детален дневен хороскоп

Детален дневен хороскоп
ОВЕН:

Потребни се нова сила и свеж воздух во вашиот живот – вие знаете колку вредите и сега е време да ги искористите тие таленти. Посветете се предадено и трансформирајте сè околу себе, како дим од жалфија кој се пали за прочистување и се шири наоколу.

БИК:

Усогласување – кога човекот и природата се во баланс, сите работи доаѓаат до својата завршница. Поткрепени од саканите, уживате во услови на материјален комфор. Можеби некоја идеја ви лебди околу главата, но до вас е да ја преточите во хармонична мелодија.

БЛИЗНАЦИ:

Идеалите може да ги постигнете со самодоверба. Доколку имате чувство на идеален идентитет, ќе дојдете до успех и нови почетоци. Во комуникацијата обидете се да бидете јасни со сите. Внимавајте на склоноста да бидете саркастични во забелешките.

РАК:

Во фокус доаѓа вашиот личен интегритет – бидете со добар карактер и интегритет, изразувајте се коректно и шегувајте се умерено. Можеби од вас се бара да појдете онаму каде што решиле сите, но не губете се, патем и имајте чувство на вредност. Вие сте над тоа.

ЛАВ:

Сега сте како дијамант што е во фаза на брусење – имате нешто, иако сè уште грубо, но сте дошле веќе до резултат и затоа ослободете се малку. Иако нештата не изгледаат перфектно, со време ќе се доработат сите детали. До крајот на денот ќе имате продукт.

ДЕВИЦА:

Вашите благослови лежат во безрезервната помош, ценење и поддршка, кои се круцијални за сите човечки суштества. Средба со проминентни личности и развивање договори. Неочекувани опции, бидејќи ги заслужувате. Сега е време да се дадете сесрдно.

ВАГА:

Денес одите по тенка жица, како акробат што се обидува да балансира на жицата. Се соочувате со предизвици со голема вештина и успешно жонглирате меѓу приоритетите. Најважно е да бидете волни да правите промени и така да дојдете до најдобро решение за сите.

СКОРПИЈА:

Иако под динамика, сепак е добро да направите пауза и да видите до каде сте и како стојат работите. Почекајте малку. Можни се откажани договори и одолговлекувања. Обрнете внимание на здравјето, но и на луѓето во вашата околина. Разгледувајте. Транзиција.

СТРЕЛЕЦ:

Барате инспирација, нешто на кое ќе се посветите и ќе го негувате до неговиот заклучок. Нешто што ќе ве издигне на повисоко ниво и ќе ве просветли. Сè додека ви недостига ова, нема да имате мотивација. Ако треба, повлечете се во осаменост и медитирајте. Одмор.

ЈАРЕЦ:

Здобивањето перспектива се постигнува со гледање на нештата од обратен правец и туѓа гледна точка. Сетете се дека две глави вредат повеќе од една и дека и така се доаѓа до одговори. Не мора да сте сами на врвот. Истражувајте, запишувајте и проверувајте.

ВОДОЛИЈА:

Месечината во Скорпија ве учи дека е најдобро некои идеи да ги зачувате само за себе и под својата капа. Ова не е непотребна тајност или намерно прикривање, туку смислена самозаштита. Засега условите се такви. Утре е нов ден, со пооптимистична динамика.

РИБИ:

Се јавува чувство на одговорност, кое ги надминува нормалните услови. Ако сметате дека нешто не е исправно, тогаш одбијте да се занимавате со тоа. Внимавајте на карактерот на луѓето со кои работите и видете како се носат со своите одговорности. Резонирање.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: