Викенд-хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Викенд-хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите?
ОВЕН:

Денес имате пошироко разбирање за работите и светот воопшто, така што ќе го раширите своето знаење со пријателите. Сега сте во центар на хармонични и поволни влијанија. Погледнете од туѓа перспектива за да разберете подобро и вие ќе бидете разбрани за возврат.

БИК:

Бавен, но постојан развој, како и транзиција и промени во физичката околина. Можеби ќе се соочите со итрина и нечие мало и скриено оружје или некоја семејна тајна која може да биде искористена како оружје. Успешно навигирајте и ослободете се од непотребното.

БЛИЗНАЦИ:

Информацијата што ја барате ќе се појави од неочекувани извори. Добро ќе биде да внимавате во сообраќајот, како и во комуникацијата, а ако е потребно, разговарајте и објаснете ги сите детали. Вашата самодоверба ќе се зголеми и ќе дојдете до привилегирана позиција.

РАК:

Имајте такт а и трпение додека чекате. Како стар капетан кој се лула во лулката, нурнат во своите мисли, посматрајте ги работите со грижа и внимание. Поработете врз себе и отстранете го отпорот, а потоа ќе следува вистинската работа. Ако треба, повикајте експерт.

ЛАВ:

Ова е момент кога им вдахнувате живот на идеите и правите адаптации за да го анимирате својот проект успешно. Полни со креативна сила, погледнете во работите подетално - ако постојат темни катчиња, исчистете ги сега. Недоразбирањата се разјаснуваат.

ДЕВИЦА:

Можеби ќе треба да им дадете нова форма на работите или да ги интерпретирате работите во име на другите. Вашата дарба лежи во тоа да бидете разумни, разбрани и посветени. Животот е циклус и повторно ќе дојдете до оваа точка набргу. Грижа за домот.

ВАГА:

Како низ иглени уши минувате низ животот и сега е потребно да ги напуштите познатото и испробаното. Кога премногу енергија ќе се аплицира врз некоја идеја, доаѓа до клинч, а стресот и иритацијата сигурно ќе се појават. Обидете се со поинаков пристап сега.

СКОРПИЈА:

Ова е време како да ги преземете работите во свои раце и како од старовремски бунар сами да вадите вода. Внимавајте да не се трошите повеќе отколку што е потребно и инвестирајте во најважното. Уживате во совршено партнерство и безусловна љубов. Изобилие.

СТРЕЛЕЦ:

Транзитот на Месечината во вашиот знак ја потенцира вашата филозофска природа и сега дејствувате според своите замисли. Земјата дава во изобилство и условите се добри, а вие доаѓате до инспирација со која ќе направите хармонична мелодија од своите идеи.

ЈАРЕЦ:

Вежбате и минувате низ минатото пак и повторно. Сепак, тоа носи шанса да ја раскажете својата приказна поинаку и во ново светло. Самото повторување не е воопшто добро, но во заднината се јавува нова идеја. Засега е само сон или визија, но набргу ќе се искристализира.

ВОДОЛИЈА:

Не давајте се и бидете свесни за скришните работи, оние што ви се токму пред носот. Откријте дали ова се поволни влијанија или не. Од вас ќе се бара да дејствувате коректно. Избирајте свесно меѓу сите шанси што ви се нудат, бидејќи може да наидете на црвливо јаболко.

РИБИ:

Правите футуристички планови и имате добра формула за успех. Како да цртате на парче хартија и финиширате со личен печат. Сетете се да ја споделите својата добра среќа со другите, бидејќи знак за добро хрането себство е способноста да ги храните другите.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: