ЕУ се согласи да ги намали емисиите на ЦО2 од возилата за 35 отсто

ЕУ се согласи да ги намали емисиите на ЦО2 од возилата за 35 отсто
Министрите за екологија и животна средина на земјите членки на ЕУ доцна синоќа постигнаа договор за намалување на штетните емисии на јаглерод диоксид од возилата за 35 отсто до 2030 година.

Постигнатиот компромис е под нивото што го бараше Европскиот Парламент од 40 отсто, како и под барањата на повеќе земји членки, како Франција и Холандија.

Германија и неколку земји членки од Источна Европа се противеа на високата стапка од 40 отсто и покрај предупредувањата на Обединетите Нации и климатските експерти за итноста од потребата за намалување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.

Германија под притисок на својата моќна автомобилна индустрија успеа да го разводни компромисот. Транспортниот сектор во ЕУ е еден од најчувствителните и единствен сектор во Европа каде штетните емисии на ЦО2 растат, наместо да се намалуваат.

Споделување со вашите пријатели: