Забавата ќе се одржи на пладне во ДКЦ, во рамки на Младинскиот културен центар (МКЦ), а поканети се сите деца со посебни потреби, нивните родители/старатели, како и останатите граѓани кои сакаат искуство повеќе.
Забавата предвидува јога и зумба за децата со нетипичен развој, работилници за арт терапија, терапија со звуци, вежби за градење тимови и други активности, а ќе биде искористена како најава за новиот проект „Инклузија Плус” за адаптација, приспособување и унапредување на културните, угостителските и другите објекти од јавен карактер за прифаќање лица со нетипичен развој и нивна вистинска инклузија во секојдневниот културно-забавен живот. .
На настанот, родителите ќе можат да се советуваат со психолог кој работи со семејства со деца со нетипичен развој.