Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите

Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите
Светот на Биби се збогати со уште една сказна и за нецели 16 часа има 4.000 прегледи на втората сказна на сезнајката Биби - „Биби и џиновите“.

Во новата епизода Биби ги учи децата колку е важно да се грижиме за себе и за околината и дека не постојат машки и женски работи.

За сценариото на приказната се погрижи Билјана Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. За гласот на Биби, како и за сите други ликови во сказната, и овој пат се погрижи актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Споделување со вашите пријатели: