Први фотографии на сондата „Инсајт“ од Марс

Први фотографии на сондата „Инсајт“ од Марс
Сондата Инсајт (InSight) на американската вселенска агенција НАСА ги објави првите фотографии од Марс направени со роботска рака што држи камера. Сондата направи серија фотографии што НАСА ги претвори во прекрасен мозаик на слики од Марс.

Инсајт слета на планетата Марс на 26 ноември, а научниците се задоволни што сондата слетала на Црвената планета, на подрачје што нема камења, ридови и дупки, како што вообичаено се замислува таа планета.

Научниците први можеа да се воодушеват на црвениот песок на Марс.

Сондата пред неколку дена ги сними и првите звуци на ветрот, кој, како што се проценува, бил со брзина од 16 до 24 километри на час. Научниците истакнаа дека станува збор за први звуци од Марс што човечкото уво може да ги слушне.

Леталото е направено по примерок на претходното – Марс Феникс.

Роботската рака на сегашното летало е долга околу 1,8 метар.

Споделување со вашите пријатели: