Телевизорите „Фреjм“ и „Сериф“ стигнуваат следната година

Телевизорите „Фреjм“ и „Сериф“ стигнуваат следната година
Компанијата „Самсунг Електроникс“ најави дека новите телевизори од 2019 година кои го подобруваат животниот стил, „Фрејм“ (The Frame) и „Сериф“ ТВ (Serif TV) ќе бидат изложени на „CES 2019“, најголемата светска изложба за потрошувачка електроника во Лас Вегас. ТВ уредите „Фрејм“ и „Сериф“ се комбинација од наградуван и иновативен дизајн, кој одговара на секаков тип на декор, со врвен КуЛЕД квалитет на сликата и “паметни“ функции, за да им овозможи на потрошувачите најдобра функционалност на телевизорот.

„Фрејм“ и „Сериф“ ТВ уредите од Самсунг, предводени од телевизиските линии посветени на животниот стил го надминуваат традиционалниот концепт на телевизорот како парче декор во домот со што го подигнуваат нивото на дизајн на секој животен простор. Овогодинешните „Фрејм“ и „Сериф “ ТВ уреди ќе бидат изложени на „CES 2019“ како дел од големата изложба на “лајфстајл“ телевизори во рамки на штандот на Самсунг. Посетителите ќе можат да го искусат иновативниот дизајн на овие телевизори, нивните перформанси и како истите се вклопуваат во секојдневниот живот.

„Традиционалната телевизија беше фокусирана само на технички карактеристики, како квалитетот на сликата и перформансите, но сега телевизорите се и и платформа за приказ на животниот стил и се вклопуваат во секојдневниот живот на потрошувачите. Овогодинешните модели на „Фрејм“ и „Сериф ТВ“ се подобрени“лајфстајл“ телевизори кои нудат ТВ искуство како никогаш досега.“ - изјави Јонгсук Чо, Извршен Потпретседател на одделот за визуелни екрани во Самсунг Електроникс.

Фреjм 2019

Кога не се користи за уживање во телевизиските или филмските содржини, уметничкиот режимот на Фрејм прикажува дигитални уметнички дела, вклучувајќи слики и фотографии, претворајќи го секојдневниот простор за живеење во уметничка галерија. Покрај тоа, сензорот за осветленост на Фрејм ги прилагодува боите на екранот за да одговараат на амбиенталната осветленост на собата, обезбедувајќи оптимални поставки за прикажување на уметничките дела на екранот.

Овогодинешниот модел на „Фрејм“ има беспрекорен квалитет на сликата со КуЛед кој нуди подлабоки контрасти, потемни и понагласени темни тонови и 100% волумен на бојата. Со овие подобрувања, корисниците можат да уживаат во содржината со највисок квалитет и да се воодушевуваат на уметничките дела кога телевизорот е исклучен.

Исто така, продавницата за уметност на „Фрејм“ ги гради своите партнерства со најпрестижните светски галерии и музеи, преку обезбедување пристап до повеќе од 1.000 парчиња уметност. Во уметничката продавница неодамна беа додадени ремек-делата од галериите „Уфизи“ во Италија, Музејот на Ван Гог во Холандија и Те Папа во Нов Зеланд. Во иднина Самсунг ќе продолжи да го проширува своето партнерство со музеите со цел зајакнување на екосистемот за дистрибуција на уметност.

„Фрејм“ пристигнува со „Бигзби“ , платформата за гласовна контрола на Самсунг со вештачка интелигенција, претворајќи го овој ТВ уред во вистински “паметен“ телевизор. Корисниците можат да го контролираат телевизорот и да пристапат кон платформите за проследување преку едноставни гласовни команди кои им овозможуваат на корисниците подобрено искуство во следењето на содржината.

Сериф ТВ

„Сериф“ ТВ е развиен како ТВ уред со фокус на естетиката во просторот. Креиран е во соработка со браќата дизајнери од Париз, Ронан и Ерван Боуроулеч (Ronan & Erwan Bouroullec) - дел од најпознатите светски индустриски дизајнери специјализирани за мебел. „Сериф“ е добитник на престижната Иф 2016 награда за дизајн, Награда за дизајн на позадина (2016) во Велика Британија и награда за Добар дизајн во Јапонија – со што е првиот Самсунг телевизор кој ги освои овие престижни признанија.

„Сериф“ ТВ 2019 ја има најсовремената КуЛед технологија која овозможува подобар квалитет на сликата. Амбиенталниот режим е наградувана функција од линијата на Самсунг КуЛед телевизори. Функцијата обезбедува информации како наслови на вести и временски ажурирања и има способност за прикажување на слики кои се вклопуваат во секој животен простор кога телевизорот е исклучен. Овој режим е поставка додадена за подобрување на функционалноста на „Сериф“ ТВ.

Имајќи го предвид фокусот кон внатрешениот декор, во минатото „Сериф“ ТВ беше продаван ексклузивно во продавници за мебел и стоковни куќи, но од 2019 година ќе биде достапен и за купувачите во продавниците за потрошувачка електроника. На овој начин поголем број на потрошувачи ќе може да набават ваков тип на уред.

Споделување со вашите пријатели: