Зошто детето не сака карфиол?

Зошто детето не сака карфиол?

Зошто децата ја вртат главата кога им сервирате карфиол или брокула и бараат виршли? За ваквото однесување може да се виновни гените, односно генот TAS2R38 е одговорен за аверзијата на децата кон горчливте вкусови.

Секој од нас носи по два вакви гени. Постојат два различни вида од овој ген, а еден ја носи поголемата осетливост кон горки вкусови. Ако е присутен еден или двата TAS2R38 гени, детето ќе одбива да јаде се што и најмалку нагорчува.

Во текот на растењето оваа фаза се надминува под влијание на воспитувањето, културата и окружувањето во кое детето расте. Според тоа, ако вашето дете упорно одбива да јаде зеленчук, пробајте да му понудите оброк со сладок или солен сос, во облик на салата или како сок. Ако сето тоа не помогне, давајте му повеќе овошје, се додека не ја надмине фазата.

Споделување со вашите пријатели: