Не, никој не знае како се пие вотка како Русите

Не, никој не знае како се пие вотка како Русите

„Некој во Бристол почна да прави вотка наречена Новичок“, вели за BBC Наташа Вард полурусинка, полубританка – „Веднаш ни рекоа да сопреме на една чашка“.

Иако односите меѓу Русија и Западот повторно заладиле, се чини дека вотката е нешто што вечно ќе ги спојува.

Русија пак, родното место на Дмитриј Менделеев кој го направи периодниот систем на елементи, а исто така постои популарен мит дека го усовршил и рецептот за вотка со 40 отсто алкохол.

Вотката би требало да биде студена, а задолжително мора да се испере со нешто солено, како `ржан леб.

„Тоа не е нешто што пиете и не уживате“, вели таа и додава дека најубаво е она што подоцна следи - ритуалот на мирисање на лебот.

Секој кој седел со Руси додека пијат вотка секогаш зачудено го гледал нивниот ритуал на испивање вотка и мирисање леб.

Наводно лебот го мирисаат за да се впие алкохолот и да се надокнади вкусот на вотката, а сол и кисели краставички се јадат за да се неутрализира краставицата.

Според Вард, ритуалот нема само медицинска намена, туку има и одредена друштвена функција. Имено, на тој начин покажувате дека не пиете вотка само за да се опиете.

Подеднакво е важно и зошто се пие вотка. Во Русија тоа е друштвена активност, не толку ни приватно задоволство. Грицките се тука за да се делат, а задолжително е и наздравувањето.

Во Грузија наздравувањето е толку разработена работа што постојат и такви кои се најдобри во тоа и дури и професионално го работат, па и заработуваат.

Јасно е дека Русите имаат длабока љубов кон вотката - името вотка потекнува од зборот „вода“, а вотка е деминутив што значи „малку вода“.

Но, постои и мрачна страна на конзумирањето вотка во Русија. Историски гледано алкохолизмот и тоа како е распространет во Русија затоа што вотката често знае да пружи бегство од тешкиот живот.

„Вотката во СССР беше ужасен проблем“, вели Вард и додава дека сите биле навикнати на тој начин на живот кој беше нормален.

Но, додава и дека не е до вотката туку до луѓето.

„Вотката е како ноќ. Не е ни добра, ни лоша. Со ноќ можеш да направиш се - да  сечеш месо, леб, да оперираш, но и да убиеш. Ножот не треба да се обвинува.  Истото важи и за вотката. Ако знаете да ја пиете, тогаш знаете и се е во ред“, заклучува Вард.

Споделување со вашите пријатели: