Со генска терапија против слепило

Со генска терапија против слепило

Џенет Озборн од Оксфорд, Велика Британија, стана првиот човек на светот на кој е применета генска терапија со која се обидоа да спречат појава на слепило кое е многу често во западните земји, пренесе BBC.

Хирурзите и вбризгале синтетички ген во окото на Џенет Озборн во обид да спречат изумирање на келиите. Тоа е прв третман чија цел е генетскиот причинител на макуларна дегенерација (AMD). Близу 600.000 луѓе во Велика Британија се погодени од оваа болест, од кои повеќето имаат тешко оштетување на видот.

„Тешко ми е да ги препознаам лицата со левото око поради тоа што мојот централен вид е замаглен и ако овој третман може да спречи влошување на состојбата, би било неверојатно3, вели Озборн.

третманот е извршен под локална анестезија минатиот месец во Очната болница во Оксфорд, а офталмологот Роберт Мекларен, кој е и професор на Оксфорд универзитетот, го предводеше овој зафат.

„Генскиот третман кој се спроведува за да се сочува видот кај пациентите кои веројатно во текот на животот ќе го изгубат видот е огромен пробој во офталмологијата и се надевам дека ќе сведочам како овој зафат масовно се извршува ширум светот во блиска иднина“, вели Мекларен.

Џенет Озборн е прва меѓу десетте пациенти со AMD кои учествувале во испитувањето на третманот на генска терапија која ја произведе компанијата Gyroscope Therapeutics.

Споделување со вашите пријатели: