Колонизаторите го десеткувале населението и предизвикале промена на климата

Колонизаторите го десеткувале населението и предизвикале промена на климата

Европските колонизатори го десеткувале автохтоното население во јужна Америка и посредно, предизвикале климатски промени, тврдат научниците во студијата објавена во магазинот "Quarternary Science Reviews".

Пред доаѓањето на колонизаторите во Јужна Америка, тој континент бил полн со автохтоно население кое броело повеќе од 60 милиони луѓе, а по стотина години нивниот број опаднал на само шест милиони.

колонизаторите, не само што донеле војна, глад и пропаст на древните цивилизации, туку и болести како мали сипаници и грип, за кои домородното население немало имунитет, па било десеткувано.

За само еден век овој континент останал без 92 отсто од жителите.

Студијата покажува дека толкав помор на населението имало само уште во „малото ледено доба“ - време кога поради глобалното заладување Темза во Лондон замрзнувала меѓу 16 и 19 век.

Научниците од колеџот во Лондон откриваат дека по рапидното опаѓање на населението големи пространства со вегетација и фарми биле напуштани. Се работи за подрачје големо колку денешна Франција.

Дрвјата и останатата флора неконтролирано се ширеле и растеле, и впивале повеќе јаглерод диоксид.

Заради неговото проретчување од атмосферата температурата на глобално ниво, во просек, паднала за 0,15 степени Целзиусови, а во Европа и повеќе.

Оваа студија, проценуваат стручњаците, е контрааргумент на оние кои ги негираат климатските промени и оние кои тврдат дека климата се менува во природни интервали и дека човекот нема ништо со тоа.

Споделување со вашите пријатели: