Зелен снег ги труе граѓаните во руски град

Зелен снег ги труе граѓаните во руски град

Во рускиот град Первоуралск зелен снег ги загрижи граѓаните поради можноста од загадување, а претпоставуваат дека тоа е резултат на работата на фабриката во близина.

Наталија Соловеј, жителка која објави фотографии од зелениот снег, вели дека го забележала во близина на градинка, каде секојдневно поминуваат деца.

„Децата се разболуваат, кашлаат, а нивната кожа поцрвенува, и се чешаат на лицето“, вели Соловеј.

На социјалните мрежи почна жестока дискусија за зелениот снег.

„Каде е нашиот обвинител“, се прашуваат луѓето.

Но, од локалната фабрика за хром велат дека појавата нема никаква врска со нив.

Нивниот портпарол вели дека фабриката нема врска со тоа, и дека топењето на снегот придонесува за менување на бојата.

Но, ова не е прв инцидент со зелен снег во градот.

Во 2016 година, истече киселина со зелена боја низ снегот во друга област во градот, поблиску до фабриката.

Споделување со вашите пријатели: