Втор човек се излечи од ХИВ - вирусот по третман со матични ќелии

Втор човек се излечи од ХИВ - вирусот по третман со матични ќелии

По трансплантација на матични клетки кај еден британски пациент, кој се лечел од ХИВ, тој вирус не е детектиран и тој повеќе не зема лекови, објавено е во медицинскиот магазин „Nature".

Во прашање е пациент од Лондон кај кого во 2003 година е дијагностициран ХИВ, јави BBC.

Девет години подоцна откриено е дека боледува од Хоџкинов лимфом. меѓутоа, истражувачите велат дека е рано да се каже дека пациентот е излечен од ХИВ.

Стручњаците велат дека овој пристап во лекувањето не е практичен за многумина кои боледуваат од ХИВ, но дека може да помогне да се најде лек.

Пациентот од Лондон е веќе 18 месеци е ремисија. Матичните ќелии ги добил од донор отпорен на ХИВ, што доведе до ремисија на вирусот и лимфомот.

Ова е втор пациент, лечен на ваков начин, кој заврши во ремисија. Пред 10 години во Берлин на еден пациент му е трансплантирана коскена срж од донор со природен имунитет на вирусот.

Споделување со вашите пријатели: