Извештај: Скопје лани позагадено во однос на 2017 година

Извештај: Скопје лани позагадено во однос на 2017 година
Според последниот извештај на Гринпис и AirVisual објавен за земјите со највисоко загадување на воздухот во светот за 2018 година Скопје е позагаден град во однос на 2017 година.

Загадувањето на воздухот во 2019 година ќе предизвика околу 7 милиони предвремени смртни случаи и ќе има големо негативно економско влијание, сугерира Извештајот.

Климатските промени „значително ги влошуваат ефектите од загадувањето на воздухот со менување на атмосферските услови и зајакнување на пожарите”, стои во извештајот.

Загадениот воздух содржи хемикалии како што се сулфати, нитрати и саѓи, кои предизвикуваат белодробни и срцеви заболувања. Тие дури можат да предизвикаат рак.

Во текот на зимските месеци, Скопје честопати водеше на листа на земји со највисоко загадување на воздухот во светот. Вредноста на загадувањето на воздухот често беше алармантна.

Само во ланскиот јануари Скопје бил во нездравата зона, во ноември и декември во нездравата зона за осетливи групи, додека во останатите месеци воздухот бил поднослив. Главниот град ниту еден месец не бил во зелената зона. Во просек, ситуацијата во Скопје се влошила за 34 индексни поени во 2018 во споредба со 32,5 во 2017 година.

Битола, Куманово и Тетово биле уште позагадени.

Споделување со вашите пријатели: