(Видео) По 13 години отворено прашањето за милион фунти

(Видео) По 13 години отворено прашањето за милион фунти

Британец ја прекина несреќната низа, а на крајот дома замина со 500.000 фунти.

Во британскиот квиз „Кој сака да биде милионер?“ прашањето за милион фунти не е отворено од 2006 година. Несреќната низа конечно ја прекина учител од Бирмингам, Џон Робинсон, но на крајот се откажа и освои износ од 500.000 фунти.

Првата епизода од новата сезона донесе многу возбудувања, затоа што се стигна до милионското прашање, а и натпреварувачот и водителот Џереми Кларксон беа среќни Но Џон не го знаеше одговорот на прашањето: „Кој британски премиер никогаш не бил министер за надворешни работи?„

Понудените одговори беа:

A) Винстон Черчил

B) Алек Даглас-Хоум

C) Ентони Идн

D) Харолод Мекмилан

По откажувањето Џон би одговорил дека тоа е Ентони Идн, но тоа не е точниот одговор, па на крајот задоволен замина дома со „само3 500.000 фунти. Џон се пошегува дека повеќе нема изговори зошто на девојката да не и купи прстен, а Кларксон го нарече одличен натпреварувач и му посака се најдобро.

Точниот одговор беше Винстон Черчил, што го знаеше неговата пријателка чија помош тој ја искористи претходно во емисијата.

Споделување со вашите пријатели: