Дали Европа е во опасност?

Дали Европа е во опасност?
Одбројувањето за најважните европски избори во историјата на ЕУ, кои ќе се одржат во мај 2019 година, веќе започна, а политичките формации ги разјаснуваат своите визии за иднината на Европската Унија.

Главното прашање на овие избори во Европскиот парламент има „егзистенцијални“ карактеристики бидејќи во изминатите години ЕУ изгуби голем дел од контактот со своите основни вредности. Слободата, демократијата и солидарноста направија простор да се ограничат слободата и правата на народот, манипулирајќи со демократијата и интровертноста одразена во национална и националистичка политика.

Подемот на популизмот и националистичките движења во ЕУ беше молскавичен и во многу случаи тоа доведе до занемарување на клучните, основни принципи на Унијата.

Политиките на ЕУ врз основа на бројки и избалансирани буџети не успеаја. Понекогаш ги користеа и граѓаните за да покажат дека бројките напредуваат - иако граѓаните гледаа како нивните животи пропаѓаат.

Во овој контекст, социјалдемократите и левичарските сили ги зголемуваат своите напори за соработка во прогресивна насока, со цел да можат да се натпреваруваат со конзервативните сили и Европската народна партија, која во последниве години доминираше во Европскиот парламент.

Додека политичките партии на ЕУ ги продолжуваат своите потраги да обезбедат моќ да ги променат политиките на Европската Унија, импресивно е како некои политички лидери јавно зборуваат за ризикот од егзогени фактори кои влијаат на изборите.

Типичен пример е „манифестот“ објавен од страна на францускиот претседател Емануел Макрон во сите весници на 28-те земји на ЕУ, каде што вели: „Европскиот модел се заснова на слободата на поединецот, разновидноста на мислењата, креативноста. Слободата, гарантирана од институцијата демократија, е слободниот избор на гувернери кога надворешна сила се обидува да влијае на нашиот глас. Предлагам создавање на европската агенција за заштита на нашите републики, која ќе им обезбеди на земјите членки европски експерти за заштита на изборните процеси од сајбер-напади и манипулации со однесувањето. Во рамките на овој дух на независност, ние мора да го забраниме финансирањето на европските политички партии од страна на надворешни сили. Треба да го ослободиме интернетот преку европски правила од секаква реторика на омраза и насилство бидејќи почитувањето на поединецот е, исто така, основа на културата на достоинство за кое се залагаме“.

Слично на Макрон, и Доналд Туск го активираше алармот околу сајбер-нападите и обидот за манипулирање со европските избори преку ширење лажни вести и зголемување на екстремно десничарската антиевропска реторика.

Не многу одамна имаше обвинувања во САД за обид за манипулација со изборите во земјата. Обидите да се манипулира со јавното мислење во Северна Македонија и да ги свртат граѓаните против Преспанскиот договор, исто така, не беа воопшто скриени. За помалку од десет дена, во Северна Македонија се создадоа над 1.000 портали против договорот, според медиумите во земјата. Ова не е случајност во време кога интернетот и неконтролираното ширење лажни вести го обликуваат изборот на граѓаните во однос на тоа кој го избираат како лидери.

Да, Европа е во опасност. Да, светот каков што го знаеме е изложен на ризик поради манипулацијата на јавното мислење преку употреба на модерна технологија и невидливи манипулатори. Да, наша должност е да ставиме крај на оваа опасност и да ги подигнеме свеста за вредноста на демократијата и слободата, кои треба да им ги предадеме на идните генерации.

Спиридон Сидерис

Споделување со вашите пријатели: