(Фото) Стивен Хокинг на кованица од 50 пени

(Фото) Стивен Хокинг на кованица од 50 пени

Благодарение на пионерската работа на црни дупки, професорот Стивен Хокинг заслужи да се најде на новата кованица од 50 пени во Велика Британија. На паричката ќе го има неговото име и формулата.

Физичарот кој почина лани во 76-година од животот, беше реномиран научник во областа со која се занимаваше.

Тој им се придружи на елитни научници кои веќе се наоѓаат на кованици, Исак Њутн и Чарлс Дарвин.

„Сакав да ја претставам големата црна дупка на мала паричка и сакам тој и понатаму да е меѓу нас и да работи на таа теорија“, вели дизајнерката Едвина Елис.

Ќерката на Хокинг, Луси заедно со братот Тим Ројал Минт, ја посетиле дизајнерката да ја видат кованицата.

„Голема привилегија е да се најдеш на паричка и се надевам дека мојот татко би бил задоволен што е тука во друштво на Исак Њутн и Чарлс Дарвин“. рече Луси, пренесе BBC.

Хокинг ја објасни теоријата на црната дупка во најпродаваната книга „Кратка историја на времето“.

Еднаш за BBC рече дека откритието дека црните дупки не се потполно црни е негово најголемо откритие.

На 22 години на Хокинг му било речено дека ќе живее само неколку години, откако му е дијагностицирана ретка болест на моторниот систем.

Заради болеста беше во количка и главно не можеше да зборува, но 30 години работеше како професор по математика на Универзитетот Кембриџ.

Предложено е Хокинг да се најде и на банкнотата од 50 фунти, а одлуката ќе биде донесена на лето.

Споделување со вашите пријатели: