Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

Со изборот од поезијата „Дождови – 90 песни“ од Матеја Матевски, приредено од поетот Раде Силјан, денеска во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје, книгоиздателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи деведесгодишнината од раѓањето на големиот македонски поет.

-За богатиот опус на Матевски и за неговото значење во современите текови на македонска литература ќе говорат академик Витомир Митевски и писателот Паскал Гилевски. Стихови ќе читаат македонски писатели, следбеници на неговото дело, а свеченоста ќе ја збогатат македонските музички виртуози Драган Даутовски и Васил Атанасов, информираат од „Матица македонска“.

Матеја Матевски (Истанбул,1929 – 2018,Скопје) спаѓа во редот на челниците на современата македонска литература. Тој е автор на дваесет и четири поетски книги, на седум книги со критики и есеи, а преведе на македонски јазик шеесет книги од шпански, француски, руски, српски и други јазици. Добитник е на национални и меѓународни награди. Во 2011 година беше носител на престижната меѓународна награда „Златен венец на Струшките вечери на поезијата“.

Споделување со вашите пријатели: