Четири случаи на заразени со МРСА: Колку е опасна бактеријата?

Четири случаи на заразени со МРСА: Колку е опасна бактеријата?

Четири нови случаи на заразени со смртоносната бактерија МРСА се откриени со вонредни контроли во една градинка и во едно основно училиште. Три деца кои ја имаат бактеријата посетувале настава во градинка во Чаир, а еден позитивен наод бил откриен во училиште во населбата Бутел.

Бактеријата МРСА вчера била пронајдена во нос кај четири деца во градинаката „Снежана" во Чаир. Во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски" едно дете ја имало оваа опасна бактерија, информираа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сите дечиња се на домашно лекување, а ќе се вратат во образовните институции откако ќе биде потврдено дека ја немаат бактеријата. Инаку, МРСА е бактерија од групата на стафилококни бактерии и е отпорна на повеќе антибиотици, тешко се лекува, а кај пациенти со намален имунитет може да предизвика сериозни компликации, па дури и смрт.

Истражувачите од Универзитетот „Декарт“, од Институтот за агрономски истражувања, од Институтот „Пастер“ и од францускиот центар за научни истражувања покажале дека бактериите, користејќи ја оваа „стратегија“, можат да го избегнат делувањето на антибиотикот, кој треба да ги спречи да произведуваат сопствени масни киселини. Тие користејќи ги човековите масни киселини успеваат да се одржат во живот и да им се спротивстават на антибиотиците.

Една таква бактерија е и MRSA или Метицилин резистентен стафилокок. Станува збор бактеријата Staphilococcus aureus која развила специфична отпорност на почеток на дејството на пеницилинот, а потоа и на делувањето на антибиотикот метицилин и слични антистафилококни лекови кои припаѓаат на групата бета-лактамази.

Оваа бактерија често се наоѓа на кожата и слузниците на човекот. Бактеријата кај здравите лица не предизвикува никакви симптоми и тие се само преносители на бактеријата. Бактеријата може да се пренесе преку физички контакт, преку кожата или пак преку кивање или близок контакт со преносителот, пишува Рак.мк.

Иако бактеријата кај здравите луѓе со јак имунитет не предизвикува болест, таа може да предизвика сериозни инфекции кај лицата со намален имунитет и со оштетена кожа или слузници. Доколку продре под кожата или во телото, може да предизвика сериозни заболувања како: гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта, пневмонија. Од MRSA формата на стафилокок најчесто заболуваат лицата со ослабен имунитет, а такви лица најмногу ги има во болниците. Поради тоа, долго време се сметало дека MRSA е исклучиво болничка инфекција. Но, од оваа инфекција можат да заболат и лица кои не биле хоспитализирани.

За да се заштитиме од инфекцијата со оваа форма на стафилококна бактерија, секако треба да водиме сметка за правилната и редовна лична хигиена. Редовното миење на рацете е најважна работа. Задолжително убаво треба да се измијат рацете со сапун и млаз вода пред секое земање на храна или после посета на болен. Треба да се избегнува контакт со болни, како и да се избегнува користење на заеднички предмети за лична хигиена (крпи и сл.).

Споделување со вашите пријатели: