Малолетничка пријавила дека е силувана од татко ѝ

Малолетничка пријавила дека е силувана од татко ѝ

Девојче, на возраст од 13 години, во полиција пријавилo дека повеќепати било физички, психички и сексуално злоупотребувано од нејзиниот татко.

Како што соопшти полицијата, утрово, во 1.55 часот во полициска станица 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоупотребувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50).

Е.Ф. е приведен и задржан во полициска станица. За настанот е известен Јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Девојчето е згрижено и заштитено. Од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.

Споделување со вашите пријатели: