Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, загинаа 15 лица.
Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излетал од автопатот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот.
На повредените веднаш им помогнаа мештани од Ласкарци и околината. За спасувањето беа мобилизирани комбиња на брзата помош од „Здравствен дом – Скопје“ и од приватните болници „Неуромедика“ и „Систина“.
Владата ги прогласи за ден на жалост 14 и 15 февруари. На 14 февруари во Гостивар се оддржа комеморативна седница за загинатите во автобуската несреќа, на која присуствуваа претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев, и исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.