Јане Ченто со црвен чадор го удирал Села, а со боксови Заев

Јане Ченто со црвен чадор го удирал Села, а со боксови Заев

Од прегледаните снимки од телевизиите, и од мобилните телефони се гледа дека толпата насилно влегува во Собранието и продолжуваат со насилни дејствија во повеќе простории низ зградата, рече денеска судијката пред читањето на пресудата за 17 обвинети за настаните во Собранието од 27 април.

Очигледно имаше луѓе кои ги упатуваа насилниците низ Собранието, кои првпат влегуваа во законодавниот дом.  Особено во прес-салата, каде повеќето луѓе што беа собрани беа од тогашната опозиција.

Полициските службеници кои се обвинети, како Оливер Поповски, а биле во прес-салата немо гледаат и не преземаат ништо за да го спречат дивеењето на толпата

Исправно постапил полицискиот службеник Владимир Стојков кој реагира да го спречи нередот. Авдуљ Фета Алими ништо не презема да се затворат вратите.  Влатко Трајковски со ПП апарат трча и се заканува по новинари и пратеници.

Јане Ченто го удира Села со црвен чадор, а го удира и сегашниот премиер Зоран Заев. Заштитениот сведок, близок пријател на Јане Ченто, зборувал за тоа дека се што се случувало во собранието на 27 април, било претходно добро обмислено, дека цели биле Зоран Заев и Зијадин Села, а Дамјан Манчевски бил колатерална штета.

Судијката појасни дека Судот во писмената пресуда ќе даде целосен осврт на однесувањето на обвинетите во Собранието, а сега се читаат само дел од нив.

Споделување со вашите пријатели: