Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов
ОВЕН: Ќе треба да го надминете мрачното расположение со генијалност: планетите во Риби ви покажуваат дека не сте креатор, туку креација, затоа најдете луѓе со слични афинитети и расположете се. Саканите ви упатуваат топли зборови, полни со нежност и се многу љубезни. Така ја реставрирате самодовербата и доаѓате до награди. Прогрес.

БИК: Поддршка од зрел лидер кој ве инспирира да ги надминете предизвиците: Месечината во Рак сугерира дека е време за промена, па така е можен и краткотраен пат. Ги менувате приоритетите за да останете во ритам и сега сте бестрашни, полни со авантуристички дух и разиграни. Имате добро чувство за пропорција. Имагинација.

БЛИЗНАЦИ: Добро внимавајте да не ја расфрлате својата енергија на непотребни теми и искуства, бидејќи така ќе ја губите својата моќ. Разберете дека ова се случува поради ваша непромисленост и погрешен тајминг. Време е да се запрашате како да го коригирате животниот стил: барајте ги одговорите внатре во себе. Најдете време за одмор.

РАК: Ова е период на интензивни случувања: за што и да се работи, знајте дека ова се кармички последици од пред многу години наназад. Долготрајниот транзит на Плутон во Јарец ве истоштува и никако не можете да ја постигнете саканата стабилност на партнерски план. Нема ништо лошо во тоа да сте сами за кратко, прашајте се што сакате.

ЛАВ: Иако вниманието е фокусирано на креативните проекти, кои ви се голема љубов, ова е период кога ќе сакате да истражувате подлабоко во областа на духовното: наоѓате поетска инспирација и имате слух за саканите. Ги поддржувате нивните напори, разгорувајќи им ја страста и сензуалноста. Убав развој во работата.

ДЕВИЦА: Потребно ви е место каде што би можеле да се повлечете за да му се обратите на својот личен свет и повисоките идеали: имате голема мудрост и знаете кога да делувате, а кога да бидете мирни и интроспективни. Соочување со некаков вид на тајни или мистериозни школи, по кои се чувствувате како препородени. Заслужена чест.

ВАГА: Сега сте решени да ги простудирате сите поединости што ве интересираат: можеби се чувствувате несигурно веќе некое време, но знајте дека сте сакани, без оглед на вашите лични убедувања. Околу вас се луѓе кои се волни да ве сослушаат и да ви помогнат: оваа реализација ќе ви помогне да преместите дури и планини! Промени.

СКОРПИЈА: Планетите во Бик ви кажуваат дека треба да се соочите со загубата, конфликтите или недоразбирањата, а потоа да продолжите напред. Не му дозволувајте на очајот да ви ја црпи силата: бидете благодарни за она што го имате и на тој начин повотрно ќе привлечете луксуз во животот. Ова е време за медитација и одмор.

СТРЕЛЕЦ: Иако имате добра волја и виталност, нешто претставува препрека сега: научете дека она што се случува надвор е само одраз на она што се одвива во вас самите и така ќе го поправите расположението. Во вас лежи длабока сила пријатели, затоа не се откажувајте сега: вие можете повеќе! Имате голема мудрост, искористете ја.

ЈАРЕЦ: Добро се справивте со предизвиците оваа недела: сега треба да одморите, за да продолжите со новите проекти, без да потклекнете под ниванат тежина. Аспектите создаваат своевидна тензија или тага, затоа бидете решителни и повлечете се. Советување со практична личност околу домашните работи. Поддршка од зрела госпоѓа.

ВОДОЛИЈА: Полека облаците се разидуваат и насмевката се враќа на вашето лице: искрени и позитивни, делувате според желбите на срцето. Луѓето ве сакаат токму поради ова и затоа го бараат вашето друштво: не губете време на неважни работи! Пред вас е важен период и поддржани сте од колегите и надредените. Верувајте си повеќе.

РИБИ: Со ретроградниот Меркур во својот знак тешко дека ќе бидете конструктивни: се чини дека дури не верувате повеќе во својата сила. Нема да си помогнете ако се обвинувате цело време, искористете ја самокритиката да се подобрите кога условите ќе го бараат тоа од вас. Разберете дека ова се тестови, кои не се вечни. Разбудете ја својата магија.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: