Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Од вас се бара одредена жртва: иако навидум сè се чини дека е во ред, ситуацијата е комплексна. Незгодни аспекти ја трошат вашата енергија повеќеод вообичаено. Иако сте ефикасни и имате добри сознанија, склоноста кон субјективност може да предизвика бура. Работите не стагнираат, само се одвиваат бавно. Издржете.

БИК: Динамичен ден во кој што е добро да сте практични: решенија за долготрајните тешкотии и нова перспектива. Сега имате можност да изградите нова иднина и вашите соништа да станат реалност. Погледнете ја природата, таа никаде не брза, а сè стигнува на време - бидете истрајни и надминете ги сомнежите. Слобода и независност.

БЛИЗНАЦИ: На самиот почеток на работната недела се соочувате со брза динамика: средба со артикулирана личност, која што има визија, но е непрактична. Не се ставајте во подредена улога, обземени од своите стравови. Прашајте се два пати што ви е потребно, пред конечната одлука. Оставете го неважното во минатото и фокусирајте се на иднината.

РАК: Конечно разбирате дека не може да се натпреварувате според вашата визија: почнувате да губите самодоверба и сметате дека блиските ве издаваат, но дали е навистина така? Ова е време кога се заземаат страни, затоа седнете удобно на фотелјата и вежбајте го слухот: има и што да чуете. Повлечете се за кратко да ги средите мислите.

ЛАВ: Месечината во вашиот знак ја буди романтичната и поетична природа: воспоставување на договори и партнерства, како и тимска соработка. Во однос на бизнисот, успехот е речиси неизбежен, особено ако им дозволите поголема слобода на сите инволвирани. Секој член во вашиот тим има своја мудрост и доблест. Трпение.

ДЕВИЦА: Со големо задоволство сфаќате дека тешкотиите се со илузорен карактер: вратата на кафезот воопшто не постоела, како ниту самиот кафез. Тоа ќе ве орасположи и ќе ве натера да ја надминете вродената резерва: силата лежи во доброто користење на заедничките капацитети и сè ќе вложите за да успеете тимски. Најдете време за себе.

ВАГА: Некои би рекле дека сте храбри, а другите пак, будалести. Зошто да го дозволите тоа? Не брзајте, подгответе се добро и покажете ја својата вредна и умешна страна. Фатете ги работите во рацете и започнете подготовки: ќе успеете само ако сте трпеливи. Успесите ви носат трајно задоволство, како и можност за далечно патување.

СКОРПИЈА: Незгодни аспекти во фиксните знаци и гледајќи во огледалото, сфаќате дека самите сте си најлош непријател. Нерасчистени сенки од минатото се влечкаат зад вас и тоа предизвикува одредена иритација, лутина или насилство. Ќе треба да признаете дека имате лоши навики и така ќе ја смените ситуацијата во своја полза. Слабости во карактерот.

СТРЕЛЕЦ: По малку крута ситуација, веројатна е средба со авторитетна личност: движечка сила во општеството или политиката. Овој човек не сака фриволност и инсистира на праведни и фер солуции. Легалните работи се движат во нагорна линија, затоа верувајте ѝ на интелигенцијата и продолжете по својот пат сосема смирено. Патување.

ЈАРЕЦ: Деновите на осаменост завршуваат и сега веќе сте подобри, иако размислувате за практичната реалност и наоѓате начини да се унапредите. Ако размислувате за неволите, тие повторно ќе ви се прилепат, тоа е законот на привлечноста. Мислете добро и ќе дојдете до луксуз. Саканите прават сè за да ве орасположат. Средба со колегите.

ВОДОЛИЈА: Возбудени и освежени, се среќавате со некоја прагматична личност: можеби ќе дојдете до промоција или поголема плата, а вашите проекти ќе добијат зелено светло - работите конечно се движат. Имајте на ум дека не сте сами и дека многу зависите од соработниците и тимот. Затоа не смеете да си дозволите грешки или самоволие.

РИБИ: Толку многу љубов околу вас, а вие сте изгубени во некои минати времиња на успех или заборав. Соочување со неуспесите и критицизам. Брзо ќе се снајдете и ќе остварите важни контакти, кои ќе ве одведат во саканата насока. Конечно доаѓате до успех и долгоочекуваната чест. Луѓето се вртат зад вас и ви се воодушевуваат.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancveai@yahoo.com

Споделување со вашите пријатели: