Уште еден нов пливачки базен во СЦ „Борис Трајковски“

Уште еден нов пливачки базен во СЦ „Борис Трајковски“
По извршената реконструкција на пливачкиот базен и извршеното тестирање на целиот систем, денеска ќе биде отворен уште еден пливачки базен во рамки на затворениот објект со базени во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Базенот ќе биде наменет за сите посетители, за оние кои сакаат да научат да пливаат и да инвестираат во своето здравје. Овој дел е опремен со соодветни туш кабини и тоалети, а секој родител ќе може одблизу да го следи тренингот на своето дете.

Директорот на СЦ „Борис Трајковски“ Александар Петровски ги повика сите граѓани да го посетат, како што вели, најдобриот пливачки базен, што ги нуди најдобрите услови и да уживаат во беспрекорно чиста вода, која се одржува со најсовремена технологија.

– Го прошируваме капацитетот на најдобриот пливачки базен во нашата држава. Правиме нешто со што базенот по деветгодишна пренамена од базен во сала за бокс беше крајно нерентабилен, како и несоодветен простор за изведување на тренинзи од таков тип, без обезбедување на основните човечки услови за такви тренинзи. Затоа со мојот тим одлучивме да направиме уште едно добро, со кое базенот го враќаме на пливачите, на сите посетители кои ќе го користат за терапевтско пливање, за сите родители кои сакаат да уживаат заедно со своите деца, изјави Петровски.

Споделување со вашите пријатели: