Нов правилник: Ќе се знае колку вода, а колку месо има во ќебапчињата

Нов правилник: Ќе се знае колку вода, а колку месо има во ќебапчињата
Потрошувачите ќе знаат колку вода, протеини и адитиви има во пакуваното мелено месо, полуготовите ќебапчиња и плескавици што се продаваат во месарниците. Според новиот правилник кој стапува во сила од 1 мај годинава, на декларациите, покрај протеините, ќе мора да биде наведена и содржината на колаген во протеините од месото и дали се подготвени од свежо или замрзнато месо.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека оние месарници и месни индустрии кои од 1 мај нема да ги имаат овие информации на декларациите, според Законот е предвидена глоба од 500 до 1.500 евра во зависност од големината на компанијата.

„Унапредената заштита на потрошувачките права е во насока на обезбедување на нивна подобра информираност и тоа што купуваат и тоа со воведување на задолжителното декларирање на потеклото на месото, давање на информации во декларацијата, дали производот е добиен од свежо или замрзнато месо, декларирање на содржината вкупни протеини и содржина на вода во производите“, рече Зоран Атанасов, Агенција за храна и ветеринарство.

Споделување со вашите пријатели: