Пронајдено 16-годишното девојче од Кисела Вода

Пронајдено 16-годишното девојче од Кисела Вода
Полицијата го пронајде 16-годишното девојче од Кисела Вода кое вчера мајка му го пријави дека е исчезнато, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вечерва, од страна на полициски службеници, е пронајдена 16-годишната О.П. за која нејзината мајка Б.П. (47) вчера во 22 часот во Полициската станица Кисела Вода пријави дека се оддалечила од домот“, соопшти МВР.

Од таму додаваат дека во текот на вечерта девојчето ќе му биде предадено на семејството. Од полицијата не откриваат повеќе детали за настанот.

Споделување со вашите пријатели: